Според студијата на виролозите од “Универзитет Бон” според која се претпоставува дека десет пати повеќе луѓе се заразиле со коронавирусот од тоа што досега беше познато. Значи, се смета на тоа дека црната бројка е многу, многу поголема од официјално пријавениот број на случаи.

Проценката е дека досега меѓу 1,6 и 1,8 милиони луѓе во Германија се заразиле со вирусот, а кај дури 22 проценти не биле почувствувани никакви симптоми. Бидејќи “здравиот” човек не знае дека го носи вирусот во себе, тој може лесно да го пренесе на други луѓе, па затоа држењето дистанца, како една од мерките, се препорачува и натаму.

Студијата е наречена “Хајнсберг”, по округот во кој се наоѓа општината Гангелт. Таму на карневалска прослава во средината на февруари многу луѓе се заразија со коронавирусот. Студијата не покажала дека некој таму по вторпат се заразил со вирусот. Во фокусот на студијата е и процентот на смртност. Анализирано во таа општина тој изнесува 0,37%, но други виролози предупредуваат да се внимава со таа бројка, бидејќи смртноста во таа општина е невообичаено ниска, додека има голем број на смртни случаи во старски домови во други делови од земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.