Руските пратеници денеска на прво читање едногласно го одобрија целиот пакет промени во Уставот што ги објави рускиот претседател Владимир Путин пред три дена.
Пратениците дебатираа помалку од два часа.
Со промените се прошируваат овластувањата на Парламентот и на Уставниот суд, се ограничува бројот на претседателските мандати, се воведува приоритет на основниот закон врз меѓународните договори склучени од Москва и се зајакнуваат социјалните обврски на руската држава.
Второто читање може да се одржи кон средината на февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.