Во авионот на компанијата Етиопија ерлајнс кој денеска се сруши само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба имало патници од 33 држави.

Меѓу загинатите во паднатиот авион кој летал на релација Адис Абеба – Најроби е и еден Србин, пренесе Ројтерс повикувајќи се на соопштение од авио-компанијата.

Етиопските медиуми пренесоа дека ниту еден од 149 патници и 8 членови на екипажот не ја преживеал авионската несреќа.

Меѓу загинатите патници 32 се државјани на Кенија, 18 на Канада, 9 на Етиопија, има по осум загинати државјани на Италија, Кина и Америка, по седум Британци и Французи, 6 државјани на Египет, 5 на Холандија и по четворица Словаци и Индијци.

Во авионот имало и по тројца државјани на Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел и по еден од Србија, Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.