,Имам бомба” викнал вооружен маж кон патниците во патнички авион , кој летал на редовната линија од градот Дака кон Дубаи

Авионот 747 на компанијата Биман Бангладеш Ерлајнс со 142 патници полетал од главниот град Дака кон Дубаи . За сега неидентификуван маж во еден момент извадил оружје и се обидел да влезе во пилотската кабина.

Набргу авионот бил принудно приземјен во градот Читагонг во Бангладеш .

Повеќето патници биле евакуирани , но киднаперот останал внатре со еден член на екипажот.

Сите патници се на сигурно , соопштуваат од авиокомпанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.