Поранешен медицински техничар, кој призна дека убил десетици пациенти, прогласен е за виновен во Германија за убиство на 85 луѓе и осуден е на доживотен затвор. Судијата ги прогласи злосторствата за „несфатливи“, пишува Њујорк тајмс“.

Ова е трета пресуда за Ниелс Хогел, за кој се верува дека е најголем сериски убиец во мир во Германија, а можеби и во светот.

Судот, меѓу другото, се занимава и со пронаоѓање одговор на прашањето зошто Хогел го сторил тоа.

– За жал, успеавме само да подигнеме дел од маглата, рече судијата Себастијан Бурман.

Хогел на судењето седеше држејќи се со рацете за глава. Судијата повеќе пати му се обрати и рече дека неговите злосторства се „несфатливи“.

Властите се сомневаат дека тој убил дури 300 пациенти додека работел во две клиники во северна Германија во периодот од 2000 до 2005 година.

Според германскиот закон, обвинетиот за такви кривични дела може да биде осуден само на доживотен затвор, со можност за условно отпуштање по 15 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.