Вжештени делови од авион оштетија неколку домови, автомобили, меѓутоа повредија и една жена и дете во холандското село Мерсен. Металните парчиња му припаѓале на товарен авион од типот Боинг 747-400 кој вчера попладне полетал од Мастрихт за Њујорк, објави холандскиот портал „Дачњуз“.
Очевидци раскажуваат дека слушнале силни удари и голем пламен од еден од левите моторти на леталото. Авионот итно слетал во белгискиот град Лиеж.
Аеродромската полиција и холандскиот одбор за безбедност отворија истрага за утврдување на причините за инцидентот.
Холандските власти започнаа истрага откако од карго авионот на Боинг почнале да паѓаат метални делови кратко по полетувањето. Инцидентот се совпадна со сличен настан во САД, кога истото се случило со Боинг кој летал во близина на Денвер, Колорадо.
Еден од моторите на Боинг 747-400, наводно, се запалил откако авионот полетал од аеродромот Мастрихт-Ахен во саботата. Според надлежните од аеродромот, авионот потоа почнал да „губи“ делови додека прелетувал над станбената област во близина на аеродромот.
Според извештаите во медиумите, две лица биле полесно повредени, од кои на едното му требало хоспитализација. Паднатите делови наводно оштетиле и неколку возила и домови.
Фотографијата објавена од холандските медиуми покажува голема метална шипка која го пробила покривот на автомобилот откако паднала од авионот.
VIDEO. Vliegtuig vat vuur na opstijgen in Maastricht: onderdelen vallen in woonwijk https://t.co/K6GXZ68uma pic.twitter.com/kyxc8US5Yr
— HBvL (@hbvl) February 20, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.