Американскиот претседател Доналд Трамп објави твит по говорот на 16-годишната екоактивистка Грета Тумберг во кој ја исмеа шведската тинејџерка која со страст говореше на климатскиот самит во ОН.

Тунберг во емотивниот настап ги обвини светските лидери дека ја издале нејзината генерација со тоа што не преземаат доволно во борбата против климатските промени.

Со своите празни зборови ми ги украдовте моите соништа и моето детство. А јас дури припаѓам меѓу оние посреќните, на други места луѓето се мачат и умираат“, кажа таа.

Американскиот претседател реши да ѝ одговори со тролање.

„Таа изгледа како среќна, млада девојка која се радува на сјајната иднина. Тоа е толку убаво да се види!“, напиша Трамп со линк до нејзиниот говор.

За светот, Тунберг е олицетворение на младите во борбата против климатските промени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.