Долниот дом на британскиот Парламент го отфрли Брегзит. Резултатите од гласањето за Брегзит се 202 гласови „за“ и 432 гласови „против“.
Џереми Корбин изјави дека ова е најголем пораз за британската Влада од 1920 година. Ја обвини Тереза Меј дека се обидува да ги убеди луѓето од парламентарната говорница, иако народот и парламентарните партии се изјаснија. Тој го повтори својот план да не го затвора дијалогот со ЕУ и да издејствува трговска унија со блокот и слобода на движење на луѓето. Корбин рече дека Владата ја изгубила довербата на народот и затоа поднесе барање за гласање на доверба за владата на Меј за кое очекува парламентот да расправа утре.
Тереза Меј изјави дека е јасно дека пратениците не го поддржуваат планот за Брегзит.
Сепак, таа вели дека вечерашното гласање не кажува што поддржуваат, ниту какви се нивните намери по однос на одлуката на граѓаните изразена на референдум.
Граѓаните на ЕУ овде, и британските граѓани во ЕУ заслужуваат разјаснување што побрзо, изјави Меј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.