Русите кои сакаат да влезат во ЕУ ќе се соочат со подолг процес на аплицирање и зголемување на таксите од 35 на 80 евра, што значи дека ќе треба да издвојат уште 45 евра, пишува Би-би-си.

„Ова треба да продолжи се додека Москва ја води својата агресивна војна против Украина“, објави Комисијата на ЕУ.

Повеќе од милион Руси отпатувале во земјите на ЕУ од инвазијата на Украина која започна во февруари, додава Би-Би-Си.

Маргаритис Шинас, потпретседател на Комисијата на ЕУ, рече дека Русија „целосно ја поткопа“ довербата на која се заснова постојниот договор за визи меѓу ЕУ и Русија.

Според тој договор, Русите веќе 15 години уживаат поефикасен процес на виза за ЕУ.

Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, на Твитер напиша дека визниот договор треба да биде суспендиран бидејќи „не може да биде бизнис како и обично“ со Русија.

Некои земји од ЕУ кои граничат со Русија веќе почнаа да ги зајакнуваат граничните контроли.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела призна дека одлуката на ЕУ ќе им го отежне животот на руските патници, нарекувајќи го предлогот „уште една смешна одлука во низата актуелни апсурди“.

Покрај тоа, Комисијата на ЕУ предлага земјите-членки да одбијат да ги признаат руските пасоши издадени во окупирана Украина, пишува Би-Би-Си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.