Полицијата во Германија води истрага против лекар кој украл вакцина против Ковид-19 од центар за вакцинација.
Станува збор за 69-годишен лекар во пензија кој бил ангажиран за вакцинација, а е ја украл вакцината, не за себе, туку за сопругата која била тешко болна.
Докторот ја ставил дозата на вакцината во шприц, ја извадил од салата каде што се вршела вакцинација и ја однел на сопругата. Кражбата веднаш била забележана и лекарот бил отпуштен.
Инцидентот се случил на 18 јануари, но сега е објавен во јавноста, објави весникот „Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.