Политичката криза во Боливија добива ново продолжение. Откако Жанин Анес се самопрогласи за лидерка на земјата на местото на Моралес сега таа не дозволува амнестија за него и бара да му се суди. 52 годишната адвокатка од местото потпретседателка на Сенатот реши да стане претседателка на земјата која ќе ја води до изборите кои се неизвесни кога ќе се одржат.
На Жанин очигледно и се бендиса на новата функција и почна да објавува фотографии како ужива покрај базен со пијакок во рака.
За владата на Бразил и САД, Анес е веќе легитимен привремен претседател на Боливија. Нејзина следна акција ќе биде именување на тим на министри за владата во преодниот период пред да повика на нови избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.