Дојче банк во понеделникот информираше дека глобалното економско закрепнување од шокот предизвикан од корона вирусот е побрзо отколку што првично се очекуваше и додаде дека глобалниот БДП се враќа на нивото пред-пандемијата до средината на 2021 година.
Глобалното економско закрепнување од длабокиот пад поради Ковид-19 изминатата зима и пролет се одвиваше значително побрзо отколку што замислувавме, изјави во белешката до клиентите Питер Хупер, глобален шеф на Дојче банк за економски истражувања.
Тој додава дека како што се приближува третиот квартал, проценката е дека нивото на глобалниот БДП е околу половина од неговото ниво пред вирусот. И дека истото ќе заврши до средината на следната година, неколку квартали порано отколку што беше нивната претходна прогноза.
Банката додаде дека гледа глобален раст на БДП на 5,6% во 2021 година, зголемувајќи ја прогнозата од претходно предвидениот пораст од 5,3%.
Минатата недела ОЕЦД соопшти дека очекува глобалниот БДП да порасне за 5% следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.