Импровизирана болница за интензивна нега на пациенти заразени со вирусот Ковид-19 беше изградена за околу 30 часа, но не во Вухан, ниту во Милано, туку во Неапол, објавија денеска италијанските медиуми.

Новата импровизирана болница во предградие на Неапол, во населбата Понтичили, беше составена од монтажни целини, а видео на кое се гледа изградбата беше споделено на социјалните медиуми од страна на Франческо Борели висок претставник од регионот Кампанија.

Медиумите објавија за новата теренска болница за која се вели дека „Неапол е побрз од Вухан“, каде за десет дена беше изградена болницата за пациенти заразени со новиот коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.