Вкупното богатство на американските милијардери, меѓу кои и на основачот на Амазон (Amazon) Џеф Безос и на Тесла (Tesla) Илон Маск, се зголемило за околу 10 проценти за време на пандемијата на Ковид-19, се вели во извештај на Институтот за политички истражувања на САД, објавен денеска.

Зголемувањето на приходите на најбогатите луѓе во Америка се случува во период кога рекорден број Американци останаа без работа.

И покрај тоа што економијата во целост се соочува со рецесија, акциите на технолошките компании како Зум (Zoom) во последните недели поскапуваат поради зголемената употреба на технологии за видеоконференции и за работа од дома, а со тоа се зголемува и богатството на милијардерите кои имаат удел во таквите компании.

Во периодот од 1 јануари до 10 април годинава, 34 од најбогатите американски милијардери регистрираат зголемување на богатството за милиони долари , стои во извештајот.

Осуммина од нив, меѓу кои и Безос и Маск, го зголемиле своето богатство за една милијарда долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.