Добри вести стастуваат од европскиот епицентар на коронавирусот, северниот италијански регион Ломбардија, пренесува „Јутарњи лист“.

Во општината Лодиџијано денеска првпат откако се појави епидемијата на коронавирусот, е забележан пад на бројот на заразените, што им даде поттик на гувернерите на погодените региони да побараат поригорозни мерки на заштита: затворање на сите продавници, освен оние со храна и аптеки, но и прекин на јавниот превоз. Според нивните наоди, 15 дена на потполна изолација ќе доведе со намалување на бројот на заболени.

Тоа го потврди и гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонттана кој изјави дека во борбата со коронавирусот драстично ќе се намалат социјалните контакти. Затоа денеска, заедно со уште 12 градоначалници од регионот ќе предложат на Владата поостри мерки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.