Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда. Николас Делесал на Твитер напиша:
Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии.
Пожарот, кој уништи големи делови од париската катедрала, се прошири на една од познатите правоаголни кули, откако ги урна шпицестата кула и покривот. Засега нема информации за жртви.
Причината за пожарот не е позната, но властите го поврзуваат со тековното реновирање.
Француската Агенција за цивилна безбедност соопшти дека на местото се распоредени сите средства освен канадери (кои ги препорача Доналд Трамп), бидејќи тие може да предизвикаат колапс на целата градба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.