Главниот критериум за влез на државјани на трети земји во Европската унија ќе биде бројот на новозаразени лица на 100.000 жители во тие земји, што мора да биде „близу или под просекот на ЕУ“ во претходните 14 дена, е ставот што го усогласија амбасадорите на ЕУ.
Земјите-членки сега имаат рок до утре напладне да одговорат дали се согласуваат со договорениот текст на препораките што ги разговарале амбасадорите на земјите-членки во текот на изминатите неколку дена.
Амбасадорите ги утврдија критериумите врз основа на кои се составува список на трети земји од кои може да влезе во ЕУ.
Главниот критериум е бројот на новозаразени на 100.000 жители во последните 14 дена да биде „близу или под просекот на ЕУ“ на 15 јуни. На тој датум, просечниот број на нови инфекции во ЕУ на 100 000 население беше 16. Во претходниот предлог се вели дека бројот на нови инфекции треба да биде под 16, а сега е договорено пофлексибилно формулирање „да се задржи бројот близу или под“ просекот на ЕУ.
Се бара стабилен или опаѓачки тренд на нови инфекции. Ќе се земат предвид и веродостојноста и достапноста на податоците во трети земји, како и мерките што овие земји ги воведоа за граѓаните на земјите од Европската унија.
Овој критериум моментно го исполнуваат 14 земји – Алжир, Австралија, Црна Гора, Канада, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина исто така ги исполнува критериумите, но ќе може да влезе во ЕУ од таа земја доколку Пекинг ја укине забраната за граѓаните на ЕУ.
Списокот не е правно обврзувачки затоа што одговорноста за управување со границите е на земјите-членки, но е важна заради потребата земјите-членки да постапуваат на координиран начин.
Списокот и критериумите за влез се однесуваат на патувања што не се неопходни.
Граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и државјаните на трети земји кои се легално жители на ЕУ и членовите на нивните семејства, се уште можат да влезат во ЕУ од трети земји. Ограничувањата не се однесуваат на одредени категории на лица, како што се здравствени работници, работници во погранични области, лица кои работат на транспорт на стоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.