Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска повторно беше во центар на вниманието на самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија.
Тој е снимен како ја разбушавува косата на една жена на влезот во седиштето на Европската комисија во Брисел, нпо што сите го гледаат чудно.
Во тоа време шефовите на држави и влади влегуваа на продолжението на состанокот, кој започна вчера.
Неодамна Јункер изненади кога ја напушти прес-конференцијата во Брисел, бидејќи носеше различни кондури.
На сличен начин привлече внимание и пред неколку месеци за време на свечена вечера на лидерите на НАТО кога изгуби рамнотежа неколку пати, одеше нестабилно, а медиумите објавија и снимка на која се гледа како се тетерави, при што претседателите на Франција и Украина мораа да му помогнат да остане на нозе.
Веднаш потоа се појави фотографија на која се гледа како Јункер седи во инвалидска количка, а портпаролите на Комисијата изјавија дека станува збор за ишијас, кој му предизвикува пречки во движењето и му создава болки во грбот и нозете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.