Според последните податоци, во светот до сега има 6.766.214 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 395.141, а оздравеле 3.297.027 луѓе.

Тирана – Во Албанија, во изминатото деноноќие од направените 162 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 15 лица, од нив 10 во Тирана. Вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 1.212. Во последното деноноќие во списокот на оздравени се впишани уште 12 лица, или вкупно 910, додека починати се 33 лица. Активни на болеста се 269 лица, од кои 24 се на болничко лекување,од нив петмина на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина.

Приштина – Во Косово вчера беа потврдени петмина новозаразени и тројца излекувани, а немаше ниту еден случај на починат од Ковид-19. Според овие последни официјални информации, во земјата досега, од појавата на пандемијата, имало 1.147 заразени, од кои 874 се излекувани, а бројката на починати веќе десетина дена останува на 30. Сите жртви на епидемијата, како што се наведува во известувањата на косовските здравствени власти, страдале и од други тешки болести. Според овие податоци, во Косово активни носители на коронавирусот се 243 лица. Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово вчера се испитани примероците на 294 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.880 тестирања.

Загреб – Во последните 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот, болеста моментално е активна кај 31 лице, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Преторија – Во Африка со коронавирусот се заразени повеќе од 168.000 луѓе, што е околу 6.000 повеќе од вчера. Од Ковид-19 во Африка досега починале 4.700 луѓе.

Москва – Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Русија е зголемен за 8.726 на 449.834 во изминатите 24 часа, соопшти кризниот центар задолжен за сузбивање на вирусот. Русија по број на заразени е на трето место во светот, после САД и Бразил.

Кејп Таун – Во Јужноафриканската Република во изминатите 24 часа пријавени се 3.276 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата во таа земја.

Њу Делхи – Во Индија во изминатите 24 часа потврдени се уште 9.851 случај на коронавирусот, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени достигна 226.770, а бројот на починати 6.348.

Лима – Од коронавирусот во Перу починале вкупно 5.031луѓе. Вкупниот број на заразени со коронавирусот се зголеми на 183.198, што е за 4.284 повеќе од претходниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.