Шефот на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, која зеадно со американски „Фајзер“ произведе вакцина против корона вирусот, Угур Сахин, негираше дека се доцни со производството на вакцината.
Што се однесува до производството, ние сме скоро според планот – нагласи Сахин во изјавата за германската телевизија АРД.
Сахин посочува дека впечатокот оти производството на вакцината доцни е неточен, наведувајќи дека процесите потребни за зголемување на производството бараат време.
Пред две недели, „Бионтек“ информираше дека привремено ќе испорачува помали количини вакцини со цел да ги прошири производствените капацитети и да го прилагоди производството.
Сахин вели дека „Бионтек“ сега е во ситуација да може да произведе повеќе отколку што беше предвидено со плановите од крајот на минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.