Русинката Анастасија (20) била пронајдена мртва откако настрадала од струен удар предизвикан од мобилниот полнач, пишува „Сан“.
Несреќната девојка ја пронашла нејзината мајка кога се вратила дома од работа, а откако влегла во тоалетот останала во шок од глетката.
Се вратив од работа дома, влегов во тоалетот и ја видов како лежи во празната када. Во едната рака го држеше мобилниот телефон кој бил приклучен на полнач, а во другата рака го држела гумената затка за када. Повикав брза помош, но тие можеа да констатираат само смрт поради електричен шок – вели мајката за весникот.
Експертите секојдневно предупредуваат дека влегувањето со мобилен телефон во бањата е лошо.
Ова е петти смртен случај на ваков начин во Русија во текот на оваа година, а претходно почина и 14 годишна девојка на која мобилниот приклучен во полнач и падна во када полна со вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.