Со цел да се промовира вакцинацијата и да се мотивираат младите да се имунизираат, американските власти стартуваа серија активности за да ги убедат нерешителните, како што се наградување со крофни, хамбургери, марихуана или ливче за учество во лотарија.

Една од учесниците во овие наградни игри е и Еби Бугенски, 22-годишна девојка, која благодарение на учеството во лотаријата „Вакцинирија се со милион“ (Vax-A-Million) одржана во Охајо, доби еден милион долари, со што стана првата добитничка во оваа лотарија.

Иако и пред кампањата, Еби била решена да се вакцинира, таа ги повика сите останати да се имунизираат.

Вакцините од секогаш се дел од моето медицинско досие. Тоа беше прилично лесна одлука, да примам вакцина што побрзо може. Ги повикувам сите да се вакцинираат. Ако можноста да добијат милион долари не им е доволна, не знам што може да биде – вели таа за „НБЦ њуз“.

Еби раскажува дека се уште не знае на што ќе ги потроши парите, но има одлука дел од средствата да ги донира за добротворни цели, додека со друг дел планира да си купи нов автомобил.

Бугански не е единствената среќна добитничка во оваа лотарија во Охајо. Друг од добитниците е Џозеф Костелјо, 14-годишно момче кое доби универзитетска стипендија, со која, кога ќе дојде време, ќе може да одбере каде ќе се школува.

Според податоците на Охајо, лотаријата дава резултати, со оглед на тоа што интересот за вакцинација меѓу граѓаните пораснал за 45 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.