Дванаесетгодишно девојче од Египет почина поради таканареченото „женско обрежување“. Јавниот обвинител одреди притвор за родителите кои ја одведоа на доктор, како и за самиот доктор кој го изврши зафатот.
Овој стар обичај на осакатување на гениталиите во 2008 година конечно беше забранет, а во 2016 од „прекршок“, премина во казнено дело.
И покрај тоа, според истражувањето спроведено од страна на египетската влада во 2015 година, покажа дека 87 отсто од жените на возраст меѓу 15 и 49 години биле „обрежани“.
Случаите на смрт поради обилно крварење предизвикано од ова сакатење во Египет, но и другите поконзервативни муслиманси земји, како Јемен, се огромни.
Станува збор за зафат со кој наводно се намалува сексуалната желба кај жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.