12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина го затрупала нејзиниот дом во Пакистан и останала закопана 18 часа под снег.
Девојчето Самата Биби опиша како „врескала и викала за помош“ додека лежела заробена под снегот и по некое време мислела дека ќе умре. Рече дека и течела крв од устата и и е скршена едната нога.
Нејзината мајка Шахназ Биби изјави дека семејството се собрало околу огништето кога лавина ја погодила куќата.
Не го слушнавме татнежот. Сето тоа се случи во еден момент“, рече мајката на Самина, додавајќи дека веќе се откажала од надежта дека спасувачите ќе ја најдат нејзината ќерка жива, пренесува Би-Би-Си.
Но, службите за спасување сепак успеале да стигнат до 12-годишната Самина, а таа вчера била пренесена во болница. Неколку членови на нејзиното семејство немале толку среќа, загинале во лавината.
Долината на реката Нелум е погодена од лавини и лизгање на земјиштето во последниве денови, при што најмалку 70 луѓе загинаа во во оваа пакистанска област.
A 12-year-old girl on Wednesday was found alive after being engulfed under a snow blanket for 18 hours as the family’s house was hit by an avalanche in Azad Kashmir.
Samina Bibi recalled screaming and shouting for help as she lay trapped in a room under the snow.😥🙏
rescue💪🇵🇰 pic.twitter.com/CbpK1YYEfD— Rizwansaib (@Rizwansaib2) January 15, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.