Во старски дом во Виена, во кој влезе коронавирус, бројот на починати се зголеми на девет, а се претпоставува дека вирусот го внела една вработена.

Според оценката на директорката на домот и здравствените служби на градот Виена, една вработена, која немала симптоми, била првата заразена личност во таа установа ,  соопшти Домот за стари лица.

Таа жена, заедно со еден корисник на домот е позитивна на тестирањето за време на масовниот скрининг во оваа установа.
Веднаш по добиените резултати на тестот надлежните презеле дополнителни мерки и наредиле понатамошно тестирање.

Второто тестирање покажало дека уште десет станари и тројца вработени се заболени од коронавирус. На почетокот на неделата починале шест луѓе од домот, а за време на последните 24 часа уште тројца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.