Синоќа во Виена се случи еден од најтешките терористички напади во таа земја во кои убиени се четири, а ранети 15 лица. Девет минути терер, колку што траел нападот, ја зави во црно Виена.

Граѓаните на главниот град на Австрија се собираат на местото каде се случи крвавиот терористички напад и палат свеќи, а местото го посетиле и претседателот Александар Ван дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.

Граѓаните палат свеќи за настраданите во нападот. Венци положи и Курц.

Денеска во Виена скоро ништо не работи, а улиците се празни. Граѓаните се повикани да останат дома поради можноста за нови напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.