Сите зборуваат за нуклеарното вооружување на Иран, еве правила за поседување.
Со најновите тензии помеѓу САД и Иран, можно е прилично да слушате за нуклеарното вооружување.
Се сметаат за најразорно оружје во светот – експлозиите се толку силни, само една нуклеарна бомба може да уништи цел град.
Нуклеарните ракети и оружје се многу посилни од обичните, ненуклеарни бомби.
Имаше прилично информации дека поединечни држави, вклучително и Иран, немаат дозвола за поседување, додека на другите тоа им е овозможено.
Постојат многу работи што треба да ги знаете кога станува збор за нуклеарното вооружување – но, не се грижете, составивме водич што ќе одговори на главните прашања.
Што е нуклеарно оружје?
Станува збор за екстремно моќни бомби.
Можеби се сеќавате на термините како атом и изотоп од часовите по физика – тие се вклучени во процесот на активирање на нуклеарната експлозија.
Бомбите црпат енергија од делењето на атомот или соединувањето на мали честички внатре во атомот. Поради тоа нуклеарната бомба понекогаш се нарекува атомска бомба.
Нуклеарните бомби ослободуваат огромно количество радијација – што може да предизвика сериозни нарушувања и болести – така што нивниот ефект трае многу подолго од самата експлозија.
Но, во текот на историјата употребени се само двапати – 1945 година против Јапонија за време на Втора светска војна, што предизвика големо разурнување и загуба на голем број животи. Радијацијата од бомбата фрлена врз Хирошима траеше неколку месеци и усмрти повеќе од 80.000 луѓе. А, од бомбата фрлена врз Нагасаки настрадаа повеќе од 70.000 луѓе.
Оттогаш атомски бомби не се употребени ниту еднаш.
Девет држави досега поседуваат нуклеарно оружје. САД, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.
Кој може да развива?
Теоретски, речиси секој може да поседува соодветна технологија, знаење и постројки. Но, дали на државите им е дозволено да ги произведуваат? Тоа е целосно друга приказна.
Причината за тоа се нарекува Договор за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), договор чија цел е да спречи ширење на нуклеарното вооружување и промовира разоружување.
Од 1970 година, 191 држава, вклучително САД, Русија, Велика Британија и Кина се придружија на овој договор. Овие пет земји се нарекуваат нуклеарни сили – ним им е дозволено да имаат нуклеарно вооружување бидејќи произведуваа и тестираа нуклеарни бомби пред договорот да стапи во сила во 1967 година.
Иако овие земји поседуваат нуклеарно оружје, врз основа на договорот мора да го намалат количеството и не смеат да го чуваат засекогаш.
Израел (кој никогаш не потврди ниту демантира постоење на нуклеарни ракети), Индија и Пакистан никогаш не пристапија кон НТП, а Северна Кореја се повлече во 2003 година.
Каде се вклопува Иран?
Иран ја почна нуклеарната програма во текот на 50-тите години на минатиот век и секогаш инсистираше дека неговата програма за нуклеарна енергија е мирољубива.
Но, постојат сомнежи дека е користена како параван за развивање на нуклеарно вооружување, што го поттикна Советот за безбедност на ОН, САД и Европска унија во 2010 година да воведат санкции кон Иран.
Тоа доведе до договор помеѓу Иран и големите сили во 2015 година врз основа на кој Иран се согласи да ја намали нуклеарната програма во замена за трговски договор, но претседателот Доналд Трамп се повлече од договорот во мај 2018 година.
А, сега европските држави го критикуваат Иран дека не се придржува до договорот.
И по зголемување на тензиите помеѓу Иран и САД на почетокот на оваа година, Трамп вети се додека тој е претседател на САД, Иран нема да има дозвола за поседување на нуклеарно оружје.
Односите додатно се заострија со убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад и Иран истакна дека повеќе нема да се придржува до ограничувањата кои наметнуваат договор.
Дали некогаш ќе видиме свет без нуклеарни ракети?
Бројот на нуклеарни оружја се намали од 70.000 колку што изнесуваше во 1986 година, на 14.000.
Америка, Британија и Русија ги смалуваат нивните снабдувања, но се верува дека Кина, Пакистан, Индија и Северна Кореја продолжуваат со производство, наведува Федерацијата на американски научници.
Во јули 2017 година, делуваше како светот да е чекор до нуклеарно разоружување кога повеќе од 100 земји го подржаа договорот на ОН да бидат целосно забранети нуклеарните оружја.
Но земјите кои поседуваат нуклеарно оружје како Америка, Британија, Франција и Русија го бојкотираа договорот на ОН.
Британија и Франција истакнаа дека договорот не зема предвид реалните околности на меѓународната безбедност и дека нуклеарното заплашување е важно бидејќи одржува мир повеќе од 70 години. Иако државите како Британија и Америка ги намалуваат нивните нуклеарни резерви, експертите велат дека се уште го усовршуваат нивното постојно оружје.
Британија го усовршува системот на нуклеарно оружје, додека Америка ќе потроши повеќе од трилиони долари до 2040 година за да го подобри нуклеарниот капацитет.
Северна Кореја продолжува да ја тестира и развива нуклеарната програма, со неодамнешните тестови како тој од октомври. И додека светот можеби сега располага со помалку нуклеарни ракети отколку пред 30 години, тешко дека ќе се стави крај на нуклеарните оружја во скоро време.
Извор: Би-Би-Си Лондон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.