Дојче банк размислува за намалување на бројот на работни места од 15.000 до 20.000, или околу една шестина на глобално ниво, објави во петокот Волстрит џурнал, наведувајќи ги луѓето што се запознаени со ситуацијата.

Процесот на отпуштање би траел повеќе од една година и би се проширил по региони и претпријатија, се наведува во магазинот.

Разговорите на највисоко ниво за реструктуирање се одржаа во четвртокот и петокот, но конечни одлуки не биле донесени, изјави извор близок на Ројтерс.

Дојче банк го завршува планот кој може да елиминира стотици позиции во одделот за тргување со деривати, како дел од широкиот процес на реструктуирање, објави Блумберг во петокот, повикувајќи се на изворите.

Извори минатата недела изјавија за Ројтерс дека банката планира да го намали нејзиното работење во Америка, оставајќи само операции поврзани со корпоративни клиенти и големи договори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.