Дете кое пред повеќе од две години било пријавено за исчезнато е пронајдено во плакарот на маж осомничен за поседување на детска порнограгија. Сега 15-годишното момче случајно било пронајдено во петокот во Реклингхаузен, Германија, каде како дел од истрага полицијата вршела претрес во домот на 44-годишник осомничен дека дистрибуира детска порнографија.
Полицијата го нашла момчето во плакарот. Истрагата откри дека станува збор за петнаесетгодишно момче кое долго време се води за исчезнато, соопшти полицискиот оддел Реклингхаузен.
Портпарол на полицијата изјави за „Си-Ен-Ен“ дека момчето исчезнало пред две и пол години. Според сегашните сознанија на полицијата, нема индиции дека момчето било чувано во станот против негова волја. Момчето сега е ставено под полициска заштита, а 44-годишниот маж и уште еден постар маж, кој исто така бил во станот во моментот на претресот, се уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.