Еден припадник на обезбедување е убиен, а три лица се повредени во оружен напад пред познат ноќен клуб во австралискиот град Мелбурн, соопшти полицијата. Двајца од повредените се припадници на обезбедувањето, а третиот е маж кој стоел на крајот од редот и чекал да влезе во клубот.

Веројатно е пукано од автомобил кон луѓето кои се наоѓале пред дискотеката, изјави Андрју Стампер од полицијата на државата Викторија.

Полицијата тврди дека нема докази оти станува збор за терористички напад, а според австралиски весник инцидентот е поврзан со моторџиска банда.

Засега не се спроведени апсења, а полицијата очекува информации од очевидци на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.