Морничава глетка затекнала денеска германската полиција која во стан пронашла тела на пет деца во градот Золинген, недалеку од Дизелдорф.

Билд јавува дека децата ги убила мајката која подоцна се фрлила под воз и со тешки повреди веднаш е префрлена во болница.

Шестото нејзино дете, 11 годишен син, пронајден е неповреден  во станот на неговата баба.

Убиените деца пак биле меѓу 1 и 8 години(1,2,3,6 и 8 години).

Полицијата соопштила неколку детали за овој случај, но без податоци за причината на смртта на децата.

Бројни полициски сили се на терен и истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.