Десетемина вработени во белорускиот портал „Тут“, чија работа властите ја забранија, ќе останат во притвор, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари.
Тројца новинари и седум менаџери на порталот „Тут“ синоќа се притворени во Минск и ниту еден од нив досега намал контакт со адвокат, а нивниот правен статус е непознат.
Белоруските власти вчера ја забранија работата на „Тут“, извршија претреси во редакцијата и во домовите на неколку вработени.
Според белоруските власти порталот го прекршил Законот за медиуми со тоа што објавил содржина во име на Фондација која помага на жртвите на политичка репресија, но не била регистрирана. „Тут“ е обвинет и за затајување на данок и е покрената кривична истрага против неговите раководители, кои ако бидат осудени можат да добијат и до седум години затвор.
Белоруското здружение на новинари тврди дека со забраната за работа на „Тут“ милиони Белоруси ќе немаат пристап до објективни информации и оти власта ќе ја зголеми репресијата врз новинарите кои се спротивставуваат на државната пропаганда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.