Најмалку 10 цркви во канадската провинција Алберта биле мета на вандализирање а полицијата инцидентите ги поврзува со гневот на граѓаните заради историската неправда врз автохтоното население.
Црквите во градот Калгари биле обоени со портокалова и црвена боја.
Премиерот на Алберта, Џејсон Кени, изјави дека нападите се „застрашувачки“.
Полицијата во Калгари соопшти дека инцидентите се случиле некаде помеѓу средата вечерта и четвртокот наутро и дека „сите вандализирани локации биле дел од христијанската религија“.
Нападите се случуваат откако беа пронајдени необележани гробници во близина на поранешните интернати управувани од Римокатоличката црква, во кои деца на домородните народи биле принудувани да посетуваат католичка настава.
Во канадската провинција Манитоба се демолирани и статуите на кралицата Викторија и кралицата Елизабета Втора.
Канадската автохтона заедница вчера соопшти дека 182 необележани гробници се пронајдени под друг поранешен интернат, трет по ред. Гробовите се пронајдени под училиштето „Мисијата на Св.Евгениј“, што било управувано од Католичката црква од 1912 до раните 1970-ти.
Овие остатоци се откриени откако стотици необележани гробници, за кои се верува дека содржат остатоци од автохтони деца, беа пронајдени на местото на два поранешни интернати во Канада, по што многу членови на автохтониот народ Првите нации, повикаа на запирање на прославата на Денот на Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.