САД трет ден по ред регистрираат рекорден број новозаразени со корона вирусот.
Според податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа во земјата се потврдени речиси 230.000 нови случаи на Ковид-19, а 2.527 луѓе починале од последици од болеста.
САД имаат вкупно повеќе од 14 милиони потврдени случаи на корона вирус, со што се на првото место во светот во оваа неславна статистика.
Американските здравствени власти предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени откако милиони Американци минатата недела патуваа за да го прослават празникот Денот на благодарноста и покрај барањата на властите да останат дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.