Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади се соочуваат со хаосот што го предизвика невремето Денис во Велика Британија, поради кое се откажани стотици летови.
Едно 18-годишно момче се удавило во морето во покраината Кент, а друг паднал од бродот од резервоар за гориво во близина на пристаништето Маргејт, јави „Дејли Меил“.
Скоро 50.000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата ИзиЏет откажа 234 летови, а уште 60 денеска ќе бидат приземјени.
Издадени се осум предупредувања поради временски неприлики, вклучувајќи и опасност по живот, откако се регистрирани ветрови од 140 километри на час и врнежи од дожд до 15 сантиметри.
Во десетина градови кои сè уште ја санираат штетата предизвикана од минатонеделното невреме Кјара, ангажирана е армијата за да ја засили одбраната од поплави.
Експертите предупредуваат дека невремето викендов ќе предизвика нови поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.