Денеска се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените кој годинава се одбележува под мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето”.

Како и претходно и годинава Меѓународниот ден ќе го означи отпочнувањето на 16 дена активизам што ќе заврши на 10 декември 2019 година, што е Меѓународен ден на човековите права.

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е востановен на првиот состанок на феминистките од Јужна Америка и Кариби (Feminist Encuentro) во 1981 година во Богота, кога жените првпат отворено зборувале за семејното насилство, силувањето и сексуалното злоупотребување, како и насилство кое жените го трпат под режимите, вклучувајќи тортура и насилство. Во 1999 година, ОН со резолуцијата 54/134 официјално го потврдиле 25 ноември како Меѓународен ден на борбата против насилство врз жените. Овој ден е одбран како сеќавање на сестрите Мирабел – Патрија, Минерва и Марија Тереса, кои брутално ги убил диктаторот Рафаел Трухиљо во Домениканска република во 1960 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.