Повеќе од 505.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.
Од тоа, околу половина се новоинфицирани, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија.
Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот – 490.298. Околу 44,9 милиони луѓе се заразени со Ковид-19 во светот.
Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 7.000. Речиси 1,18 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.