Во Велика Британија денес има најмногу смртни случаи од Ковид-19 во последните четири месеци, известуваат медиумите во таа земја. Британската влада денес објави дека 96 лица починале за еден ден, најмногу од 24 март, а биле регистрирани 46.558 новозаболени лица.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата починале 128.823 лица од Ковид-19.

Вчера беа укинати мерките што беа воведени за контрола на заразата од коронавирус, и покрај предупредувањата од нови бранови на пандемијата.

Бројот на новозаразени започна нагло да се зголемува како резултат на ширењето на делта-сојот и олеснувањето на санитарните мерки, анализираат експертите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.