Во последните 24 часа во Полска се регистрирани 1.040 нови случаи на корона вирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.
Вкупниот број заразени лица е двојно зголемен за помалку од три недели и сега изнесува 202.579, а починати се 3.841 лице.
Долниот дом на полскиот Парламент ќе одржи итна седница на која ќе расправа за предлогот на владејачката партија Право и правда за деблокирање на преоптоварениот здравствен систем.
Според последните податоци, во полските болници има 9.439 пациенти, од кои 757 се на респиратор, додека само вчера се регистрирани 8.962 хоспитализирани лица и 725 на респиратор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.