Германија во последните 24 часа регистрира 962 смртни случаи од ковид-19, што е нов рекорд, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ) во Берлин.
Претходниот рекорд беше постигнат минатата недела, кога Иниститут информира за 952 инфекции.
Во последното деноноќие се регистрирани и 24.740 нови случаи на позитивни на корона вирусот.
Вкупниот број на лица кои досега починале како последица на инфекцијата со корона вирусот се зголеми на 27.968.
Зголемениот број на инфекции и смртни случаи предизвикува притисок врз здравствениот систем во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.