Во Германија во последните 24 часа се потврдени нови 22.806 случаи на корона вирус, со што се надмина прагот од еден милион заразени од почетокот на пандемијата.
Со ова Германија влезе во групата од 12 земји кои имаат по над еден милион заразени луѓе.
Како што објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох, во последните 24 часа, од Ковид-19 во Германија починале уште 426 лица, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на март.
Од почетокот на пандемијата во Германија вкупно 1.006.394 лица се заразени со коронавирусот, а умреле 15.586 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.