На протестите во Сиетл се уапсени 45 лица под обвинение за напад врз полициски службеници и опструкција, а 21 полицаец е повреден од гаѓање со запаливи средства, соопшти денеска локалната полиција.

Демонстрантите фрлале со камења, плински боци, пиротехнички средства и друг експлозив, нагласи полицијата, додавајќи дека некои од предметите предизвикале пожар.

Во протестите, кои полицијата ги опиша како „насилни“, еден полицаец бил хоспитализиран со повреда на ногата предизвикана од експлозивна направа.

Во Сиетл се одржаа протести поради полициската бруталност и системскиот расизам, како и во област од шест блокови, кои се под контрола на демонстрантите, откако полицијата ја напуштила



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.