Само стотици луѓе оваа сабота се појавија на „Шанз – Елизе“, главната авенија во Париз и побараа оставка од претседателот Емануел Макрон.

Пред една недела бројот на демонстранти беше многу поголем и собирите резултираа во тешки судири.

Најмалку 92 лица се притворени, а 53 се приведени во Париз, соопшти полицијата. Во ова време минатата сабота бројот на притворени веќе достигнал 500 лица.

Како и во претходните недели, „Жолтите елеци“ почнаа да се шират и низ други региони во Франција. Во градот Ним во јужна Франција демонстрантите поставиле барикади на патарина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.