Стотици демонстранти упаднаа во гватемаласкиот Конгрес и запалија дел од зградата, во време на растечки демонстрации против претседателот Алехандро Гаматеи и законодавниот дом заради усвојување на контроверзниот буџет со кој се намалија трошоците за образование и здравство.

Инцидентот се случи вчера, кога околу 10.000 луѓе протестираа пред Националната палата во Гватемала против корупцијата и буџетот, за кој демонстрантите тврдат дека е усвоен во тајност, додека земјата е окупирана од последиците предизвикани од две силни бури и пандемијата на Ковид-19.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како пламен избувнува низ прозорецот на Конгресот. Полицијата истрела солзавец кон демонстрантите и уапси десетици луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.