Откако претседателот на Боливија, Ево Моралес, вчеравчер соопшти дека поднесува оставка, со цел да обезбеди мир во земјата, демонстранти влегоа во претседателската палата и ограбуваа и демолираа сè пред себе.

Моралес повика на итни разговори со опозицијата поради немирите во земјата кои избија по неговиот спорен реизбор на 20 октомври, а денеска и потпретседателот на Боливија, Алваро Гарсија Линера, поднесе оставка, пренесуваат светските агенции.

Претходно командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијам Калиман, изјави дека војската му сугерирала на претседателот Моралес да поднесе оставка, за да помогне да се обезбеди стабилност во државата, а тоа го побарале и опозицијата и синдикатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.