Италијанската влада се надева дека во последен момент ќе избегне казнени мерки на Европската Унија, поради расипничниот буџет, но истовремено ѝ се заканува и економски проблем од поголеми размери.
Со рекордно високиот степен на наталитет и големиот број млади луѓе кои не се вработени или се селат во странство, Италија стана држава која ги заборава младите, тврди Алесандро Росина, професор по демографија на Католичкиот универзитет „Свето Срце“ во Милано.
Италија во 21 век главно го опишува начинот на кој помладата генерација се распаѓа до ниво кое не само што е загрижувачко, туку и срамно -напишал Росина минатиот месец, за дневниот весник „Ла Република“.
Користејќи ги неодамна објавените официјални податоци, кои покажуваат дека степенот на наталитет падна на ново историско ниско ниво, Росина пресметал дека Италија е единствена држава во Европа каде има повеќе жители постари од 80 години отколку новороденчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.