Официјалните бројки за кривичните дела и прекршоци покажуваат загрижувачко влошување на ситуацијата во 2019 година, особено во однос на насилството во Франција, јави дописникот на МИА.

Билансот на деликвенција во 2019 година во Франција е лош, затоа Министерството за внатрешни работи дискретно ги објави своите бројки преку својата статистичка служба, ССМИ. Порано министрите ги бранеа своите активности транспарентно за време на голема прес-конференција, но денес проблемот стана чувствителен, особено неколку недели пред општинските избори, бидејќи скоро сите показатели се црвени, со јасно влошување на состојбата во однос на насилството.

Министерството за внатрешни работи е принудено да го признае ова:

Како и во 2018 година, намерните напади и физичко насилство и повреди врз лица од 15 и повеќе години забележа нагло зголемување во 2019 година (+ 8 отсто).

Слична е ситуацијата и во однос на сексуалното насилство, по 2018 година, обележана на национално ниво со значително зголемување (+ 19%), 2019 година покажува уште појасно зголемување на ова насилство (+ 12%).

Географски гледано, „сите француски региони доживеаја пораст на бројот на силувања, напади и сексуално вознемирување што ги забележаа безбедносните сили во 2019 година, особено Корзика, Центар-Вал-де-Лоара, Оверњ-Рона -Aлпи и Нова Аквитанија“, прецизираат аналитичарите на министерската служба за статистика. Обидувајќи се да уверат, дека тоа се должи на фактот дека, „исклучувајќи го семејното насилство, зголемувањето на намерните физички напади и повреди е ограничено на + 4 отсто (во однос на + 6 отсто во 2018 година)“.

Овие резултати не ги залажуваат професорот за криминологија, Ален Бауер, кој ја создаде, под претседателството на Саркози, Националната опсерваторија за деликвенција (ОНД која сега стана ОНДРДП).

Ова е најлошата бројка од пред години“, вели криминологот. За него „овие бројки откриваат, дека порастот на насилството не е само поврзано со одржувањето на редот. Тоа е во пораст кај сите видови на насилство, што предизвикува стравувања од враќање пред речиси четириесет години наназад, во секој случај кога станува збор за убиствата и обиди за убиства, вели тој.

 

Бројот на убиствата значително се зголеми во 2019 година (970 жртви) во последните две години, таа бројка беше стабилна“, признава ССМИ. Ова е зголемување од + 8,5 отсто за една година. Тука треба да се додаде и експлозијата на обиди за убиство. Сето ова фрла светлина на оваа криминална реалност. Бидејќи едно неуспешно убиство не може да ја сокрие намерата за убиство.

За другите бројки на насилството ССМИ проценува, на пример, дека „порастот е поумерен за кражбите без насилство врз луѓе (+ 3 отсто) и многу мало за кражбите во возилата (+ 1 отсто)“. Но, тој забележува дека „измамите се зголемуваат нагло во 2019 година (+ 11%), додека нагорниот тренд беше помалку присутен во 2018 и 2017 година“. Покрај тоа, вооружените грабежи и куќни провали беа стабилни во 2019 година. Но не во Париз, во секој случај, каде провалувањата експлодираа буквално во изминатите две години.

И покрај нередите на „жолтите елеци“ и долгата година на урбано насилство со стотици изгорени на автомобили при новогодишната ноќ, намерното уништување и предизвикување штета паднаа на (-1 отсто).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.