Француските дегустатори на вино сакаат да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против коронавирус, затоа што стравуваат дека ќе го изгубат чувството за мирис доколку се заразат.

Анкетата открива дека повеќе од една третина од дегустаторите кои биле заразени тврдат дека инфекцијата влијае на нивната способност да си ја завршат работата.

Здружението исто така забележува колку се загрижени сите во винската индустрија. На пример, поединци кои биле обучени како енолози морале да го запрат процесот откако биле заразени со вирусот корона поради важноста на нивното чувство за вкус и мирис за работата.

Претседателот на здружението Дидие Фагес рече дека тие испратиле писмо и до претседателот Макрон и до премиерот Кастекс со барање дегустаторите на вино да бидат меѓу приоритетните групи за имунизација.

Во образложението на барањето, тие наведоа дека сетилата за вкус и мирис се клучни за нивната работа. Како што го објаснија сликовито, кога енологот го губи чувството, исто е како кога музичар нема инструмент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.