Возрасен маж со бела брада и мустаќи ограбил една банка во Колорадо Спрингс во САД.

Украдените пари потоа возрасниот маж почнал да ги фрла по улица и на случајните минувачи да им посакува „Среќен Божиќ“.

Полицијата соопштила дека „возрасен белец“ на два дена пред Божиќ ја ограбил „Академи“ банката за време на паузата за ручек.

Очевидци на настанот изјавиле дека белецот ја ограбил банката излегол на улица и почнал парите да ги фрла во воздух викајќи „Среќен Божиќ“.

Ограбувачот потоа седнал во блиското кафуле и чекал да биде уапсен.

Медиумите информираат дека минувачите ги собирале фрлените пари од улица и ги вратиле во банката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.