Човек во улога на Дедо Мраз, кој посетил дом за стари лица во Белгија заразил 118 луѓе со корона вирус.

Како што објавуваат локални медиуми, син на штитеник на домот за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели корисниците. Сепак, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, почнале да покажуваат симптоми на зараза.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, вирусот е потврдена кај 98 корисници на домот за стари лица, како и кај 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.